Санкционирани 68 возачи поради брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

23.01.2022 17:13 | Сузана Николиќ

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес, при контрола на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, денеска во периодот од 10 до 16 часот санкционирале 68 возачи. 

Санкционирани 68 возачи поради брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а исто така три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk