Санкционирани 95 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

19.01.2022 21:02 | Сузана Николиќ

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа санкционирани се 95 возачи. 

Санкционирани 95 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk