Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сашо Тодоровски од Куманово е именуван за директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Тодоровски е вработен како професор по македонски јазик во средното училиште „Перо Наков„, а со години наназад е портпарол во општинаската организација на СДСМ Куманово.
Новиот директори е именуван од министерот за култура со редовен мандат од 4 години, по завршување на постапката од јавните конкурси.
Доаѓа на местото на Роберт Цветковски, кој досега ја извршуваше функцијата в.д. директор, а со години работи како стручен соработник- историчар на уметноста во Кумановскиот центар за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk