„Шќипоња“ ќе постави триесетина хранилки во ловиштата

14.04.2015 13:44 | KumanovoNews

Ловците од ловечкото друштво „Шќипоња“ ќе постават триесетина хранилки, во ловиштата во липковско со кои стопанисуваат.

„Шќипоња“ ќе постави триесетина хранилки во ловиштата

Половина од хранилките веќе се направени изминативе викенди, а ќе се користат за прехранување на дивечот во наредната зимска сезона.

Ќе засадиме компири и овес за прехрана на дивеч. Хранилките се од дрво направени за од нив да се хранат срни и да се остави пченка за диви свињи. Хранилки колку повеќе има толку подобро ќе биде. Ова ни се подготовки за следната зима - вели Јовица Стојиќ, член на „Шќипоња“.

Стојиќ објаснува дека во ловиштата има доволно дивеч, а  нивна обврска покрај храна е на одредени места да остават и вода за пиење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk