Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите од СДСМ Куманово, денеска беа во посета на “Здружение на пензионери“ Куманово, по повод Недела за грижа на старите лица.
Тие се запознаа со културно - уметничките, спортските активности на здружението и весникот “Пензионерски информатор“, кој тие го издаваат на два јазика, македонски и албански.
“Со пензионерите разговаравме за нивните искуства во минатото, односно како извор на мудрост ни дадоа голем број на поуки кои ќе ни послужат во животот. Во Куманово има околу 13.000 пензионери, а ова здружение е второ по бројност во Република Македонија зад Битола. Се надеваме дека за нас младите ќе има иднина на ова парче земја, па еден ден и ние да уживаме во нашите пензии“ - рече Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.
Целта на посетата е младите да им посветат внимание и грижа на старите лица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk