СДММ: Младите од ВМРО-ДПМНЕ се помалубројни и разединети

17.09.2014 10:52 | KumanovoNews

Младите од СДСМ денеска на прес - конференција на Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ им честитаа за изборот на новиот претседател, Марио Цветковски.

СДММ: Младите од ВМРО-ДПМНЕ се помалубројни и разединети

Од СДММ сметаат дека без разлика кој е на чело на младите на ВМРО-ДПМНЕ  тие се се помалубројни и разединети во однос на нив, и затоа нивната работа ќе биде незабележителна и само на хартија.

„Нивната погубна политика, се повеќе ги прави помалубројни и разединети. За разлика од нив, СДММ може да се пофали со одличен одзив на последниот оглас за волонтирање во партијата. Голем број млади и трудољубиви луѓе сакаат да бидат дел од креирањето на политиките на СДММ на локално ниво. Ние за разлика од нив знаеме што сакаат младите, кои се нивните потреби и барања“ - изјави Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.

Захариев вели дека имаат план, идеја и стратегија за создавање на нови политики кои ќе се применуваат како на локално, така и на централно ниво.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk