СДММ со дебата за 70 години слободно Куманово

06.11.2014 12:52 | KumanovoNews

Младите социјалдемократи синоќа организираа дебата по повод претстојниот празник 11 Ноември и 70 години слободно Куманово.

СДММ со дебата за 70 години слободно Куманово

На дебатата присуствувале градоначалникот Зоран Дамјановски, пратеникот Љубиша Николиќ, претседателот на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, претседателот на Совет, Максим Димитриевски и координаторката на Форумот на жени на СДСМ Куманово, Атина Мургашанска.

“Присутните ја искористија својата шанса да постават прашање до присутните гости во врска со проблемите со кои се соочува нашата држава. Прашуваа за евроинтеграциите, медиумскиот мрак, блокадите на општина Куманово, дали Владата доволно инвестира во Куманово“ - изјави Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.

Свое излагање за 11 Ноември имаше професорката по историја Јулија Тодоровска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk