Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Социјал - демокатската младина од Куманово, во вторник и среда ќе организира дводневен турнир во кошарка и пинг - понг за помош на Ивана Величковска.
На прес - конференција соопштија дека натпреварите ќе се оддржуваат во населба Гоце Делчев на местото познато како Кошеви, а пријавувањето за учество е на телефоните 070 454 848 и 077 585 800.
- Ги повикуваме сите млади луѓе да се пријават на овие натпревари, бидејќи средствата што ќе бидат соберени од пријавувањето на екипите, ќе бидат донирани за хуманитарна помош за младата Ивана Величковска која боледува од леукемија. Да бидеме хумани како многу пати досега и да му помогнеме на овој млад живот - вели Ана Анѓеловска од СДММ.
На самиот настан ќе има поставено кутија за донации.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk