СДММ: УМС на ВМРО-ДПМНЕ го прикрива иселувањето на младите

18.09.2015 12:57 | KumanovoNews

Социјал -демократската младина денеска на прес-конференција ја обвини Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ , дека неосновано го оцрнува градоначалникот Зоран Дамјановски, а при тоа го прикрива најгорливиот проблем иселувањето на младите од државата.

СДММ: УМС на ВМРО-ДПМНЕ го прикрива иселувањето на младите

Од СДММ велат дека поради големата невработеност и вмешаност на политиката на пазарот на трудот,  младите се иселуваат во прекуокеанските или развиените европски земји.

Бројките зборуваат дека 447.000 лица ја напуштиле Македонија, односно 25% од вкупното население. Во нашата општина посебно се чувствува процесот на миграција на младите луѓе, затоа што нашата Влада наместо капитални инвестиции и проекти кои се од важност за сите граѓани, соочени сме со блокади и опструкции. Младите не гледаат никаква перспектива и се повеќе и повеќе излез бараат надвор од границите на Република Македонија. УМС на ВМРО-ДПМНЕ треба на граѓаните, на младите да им објасни зошто како подмладок на политичка партија која е на власт скоро една деценија, воопшто не креираше политики за да се спречи иселувањето на младите - вели Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.

Захариев за обвинувањата дека реката Кумановка  не се чисти, рече дека во последните 5 години најмалку 3 пати е чистена, а ќе следи и нова акција за чистење на коритото. За двата парка во градот за кои беше кажано дека не се одржуваат,  најави поставување на нови трим патеки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk