СДММ во посета на „Порака наша“

04.12.2014 14:03 | KumanovoNews

Младите од Социјалдемократски сојуз Куманово, денеска го посетија Центарот за лица со попреченост над 18 години „Порака наша„.

СДММ во посета на „Порака наша“

Посетата е по повод 3 декември - Светски ден на лица со интелектуална попреченост.

„По повод празникот, на корисниците им подаривме микробарнова печка. Како многу пати досега, така и сега ја покажавме нашата хуманост. Другарувавме со овие лица и се договоривме да организираме новогодишна забава. Инаку дневниот престој „Порака наша“ е невладина организација која веќе 10 години функционира од помош на општината и од хумани луѓе кои донираат секојдневно “ - вели Владислав Трајковски, претседател на СДММ Куманово.

Од СДММ апелираат власта повеќе да се заложи за помош и поддршка на оваа категорија граѓани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk