СДСМ бара одговорност од градоначалникот за сканадалот со проневара на пари во „Водовод“

26.02.2025 13:54 | KumanovoNews

Од општинската организација на СДСМ Куманово денеска побараа градоначалникот Максим Димитриевски и надлежните, да понесат одговорност доколку се утврди дека се точни обвинувањата за проневерата на пари во ЈП „Водовод“. 

СДСМ бара одговорност од градоначалникот за сканадалот со проневара на пари во „Водовод“

Тие прашуваат што преземал градоначалникот во изминатите години за да спречи злоупотреби во општинските претпријатија, и дали неговата неспособност и негрижа се директен виновници за скандалот што ја тресе општината. 

„Додека граѓаните плаќаат високи сметки за вода, пари исчезнуваат од претпријатието, а надлежните лица во општината очигледно или не знаат или не сакаат да ја спречат оваа срамна практика. Бараме од градоначалникот во заминување јавно да одговори: Кои се мерките што ги презел за да спречи кражби од општинските јавни претпријатија? Дали воопшто има механизам за контрола или неговиот мандат помина во целосен хаос, без никаква отчетност? Дали наместо грижа за интересите на граѓаните, повеќе бил заинтересиран за заштита на одредени кругови блиски до него? Дали се внимава на тоа какви кадри се вработуваат и какво е нивното образование и стручност? Ги повикуваме надлежните институции да спроведат темелна истрага, а сите одговорни за оваа злоупотреба да поднесат соодветна одговорност“, велат од СДСМ.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk