СДСМ ќе оддржи конвенција во Куманово

20.02.2013 15:54 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во недела напладне СДСМ ќе оддржи конвенција во Куманово на која ќе бидат презентирани чекорите кои понатаму ќе ги преземе Сојзуот на иднината.

СДСМ ќе оддржи конвенција во Куманово

Точно на два месеца после “црниот понеделник“ и еден месец пред локалните избори, Сојузот за иднината ќе одржи политичка конвенција во Домот на културата во Куманово, со почеток во 12 часот. На овој собир раководствата на партиите од Сојузот за иднината пред целата јавност ќе ги реафирмираат основните политички принципи и ставови кои ќе ги застапуваме во наредниот период. Наша примарна цел е да им објасниме на граѓаните, зошто оваа форма на политичко дејствување и пружањето на отпор е единствениот начин за земјата да излезе од длабоката политичка криза во која се наоѓа и да се придвижи во вистинска насока. На 24 март 2013 година, сите граѓани ќе бидат исправени пред досега најважниот личен, демократски предизвик, со својот избор да не учествуваат на вакви локални избори, всушност да го дадат својот конкретен влог за иднината на државата - изјави Игор Ивановски, член на извршен одбор на СДСМ.

Тој очекува масовно граѓаните да ги поддржат за да се изборат за демократија. Се планираат различни форми на протест, дел ќе бидат најавени, а дел не. На ваков начин опозицијата ќе и одговори на власта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk