Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екстерно тестирање внесува страв и непотребни проблеми во образовниот процес, а огромен дел од прашањата се со грешки и се продаваат по фотокопирници и на Интернет, обвинуваат од општинската организација на СДСМ.
Тие сметаат дека со тестирањето се малтретираат учениците и внесува дополнителна нервоза и хаос во образовниот процес на крајот на учебната година.
„Од учениците се бара да ги научат на памет, и заради тоа прашуваме - Која е целта на ваквиот лудачки начин да се спроведува нешто кое нема никава улога во подобрувањето на знаењето на ученикот, и воопшто не придонесува за поквалитетен образовен процес. Новата власт во Македонија на една од своите први седници ќе го укине ваквото екстерно тестирање и ќе ги поништи оценките од истото со кое неправедно им е намален просекот на учениците во нивните свидетелства“, - рече портпаролот на СДСМ, Сашо Тодоровски.
На прашањето дали учениците што ги поправиле оценките ќе им бидат намалени, тој истакна дека новите само ќе бидат поништени и ќе остане предходниот просек.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk