СДСМ ги осуди заканите кон претседателката и советниците, бара институциите да реагираат

30.08.2019 16:14 | KumanovoNews

Општинската организација на СДСМ во Куманово, најостро ги осудува заканите кон претседавачката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, како и до членови на Советот, - соопштуваат од партијата.

СДСМ ги осуди заканите кон претседателката и советниците, бара институциите да реагираат

Недозволиво е поединци да шират говор на омраза, да повикуваат на насилство и да се закануваат по живот кон лица кои ги спроведуваат законите во Република Северна Македонија.

Оттука, ги повикуваме институциите, согласно своите надлежности и законите, да се вклучат во откривање и санцкионирање на лицата кои се закануваат кон членови на Советот.

Истовремено, апелираме до сите политички партии да се воздржат од дејствија што имаат за цел да подгреваат тензии и да испровоцираат недолично однесување на поединци.

СДСМ како одговорна останува посветена на одговрно работење согласно Уставот и законите на Република Северна Македонија. Заканите и говорот на омраза се недозволиви во демократско општество како нашето, стои во соопштението на СДСМ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk