Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ ги повика партиските опоненти од ВМРО-ДПМНЕ во недела заедно да го исчистат запуштениот парк во месната зедница БС Гојчо во Куманово, кој во изминатите неколку недели беше предмет на партиски обвинувања и препукувања, кој е надлежен да ја одржува зелената површина.
Во работната акција ќе се вклучат членови на СДСМ, Кумановски акцијаши, вработени од ЈП „Чистота и зеленило“ и граѓани.
„Ја користам оваа прилика за првпат во акцијата да ги повикам и нашите политички противници од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имаа прес-конференција токму на таа локација, па еве со заеднички сили да направиме добро за граѓаните на Куманово. Се надевам дека нашите политички опоненти ќе покажат доблест и ќе ја прифатат поканата да се приклучат на акцијата, -изјави на прес-конференција претседателот на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.
Еколошката акција на запуштената зелена површина ја започнаа вчера вработените во “Чистота и зеленико„, а откако целосно ќе се исчисти целиот простор ќе се постави урбана опрема и детски ривизити. Акцијата ќе започне во 11 часот.
Членовите на СДСМ досега организираа две работни акции: во населбата Гоце Делчев и на Спомен костурницата, каде ги чистеа исчкртаните споменици.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk