СДСМ: Го решивме деценискиот проблем со стечајните работници

17.12.2019 12:29 | KumanovoNews

Над 1200 стечајни работници од Куманово и 11000 од целатата држава, добиваат надомест од 8200 денари, откако оваа Влада го донесе Закон за стечајни работници, беше речено на денешната прес конференција на општинската организација на СДСМ Куманово.

СДСМ: Го решивме деценискиот проблем со стечајните работници

„Преку оваа мерка исправаме долгогодишна неправда која им е нанесена на нашите сограѓани, кои не по своја вина останале без работа и без месечни примања. Заложбите на СДСМ за решавање на децениските проблеми и обезбедувањето фер и праведно општество, се реализираат. Се грижиме за граѓаните, низ конкретни мерки, градиме фер и праведно општество што дава шанса на сите, преку активни политики обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и достоинствени услови за живот за сите. До сега, со овој закон обештетени се 11.000 стечајни работници на државно ниво, а околу 1200 стечајни работници од Куманово, кои добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивно пензионирање. Со новите измени вкупниот број на опфатени стечајни работници ќе биде 12.000“,- рече Катерина Пешиќ - Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk