Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово синоќа беше запален бадниковиот оган.
По 21-ви пат, општинската организација на СДСМ организираше: палење на бадниковиот оган, делење на лепчиња со паричка и овошје за своите членови, симпатизери и граѓаните. На присутните им се обрати претседателот на кумановскиот огранок на СДСМ Мартин Костовски.
Дваесет и прва година по ред општинската организација на СДСМ Куманово организира бадникова вечер со традиционално палење на оган. Оваа година ќе посакам само едно, СДСМ да го запали овој оган на Градскиот плоштад во Скопје, и тоа да го стори нашиот претседател Зоран Заев. Ви посакувам многу среќа, здравје, успех, Христос се роди!, -рече Костовски пред присутните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk