СДСМ: Граѓаните се против овој режим

29.10.2012 13:55 | KumanovoNews

 Од општинската организација на СДСМ Куманово  денеска објавија  дека се задоволни од вчерашниот митинг на опозицијата во Скопје, каде 70.000 луѓе покажале дека не го подржуваат овој режим.

СДСМ: Граѓаните се против овој режим

Оваа прес конференција ја свикавме да се заблагодариме на членството, на коалиционите партнери, на симпатизерите на партиите и на сите граѓани кои беа дел од вчерашниот голем митинг “Ја сакам иднината сега“, што здружената опозиција го оддржа на плоштадот во Скопје. Со ваквата голема масовност, учесниците на овој митинг од нашиот град покажаа дека ја поддржуваат идејата за здружување на опозицијата која ќе каже стоп на политиката на владејачката партија и ќе бара промена. Бројноста на плоштадот јасно покажа дека на народот му е доста од владејачката политика - вели Мартин Костовски, заменик шеф на Изборен штаб.

Од  СДСМ тврдат дека над 3.500 граѓани присуствуваа на синоќешниот митинг во главниот град.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk