СДСМ: Хаос и неорганизираност владее во македонското здравство

21.09.2016 12:54 | KumanovoNews

 Хаос, неогранизираност и несоoдветно лекување на пациентите е сликата во македонското здравство, обвинија од СДСМ Куманово на прес-конференција.

СДСМ: Хаос и неорганизираност владее во македонското здравство

 „До нас пристигнаа многубројни поплаки од граѓани кои укажуваат дека во Кумановската болница нема основни средства за пружање на прва помош на пациентите. Во болницата бараат пациентите од дома да носат топломери и памук, за да можат соодветно да ги лекуваат и да им одредат терапија. Сами си купуваат инфузија и нема ханзапласт, па пациентите ги преврзуваат со обична самолеплива трака“, - изјави портпаролот Сашо Тодоровски .

Тој додаде дека пред неколку дена не фунционирал системот Мој термин и се што било поврзано со електронска комуникација и умрежување, па вработените  не можеле да ги извршуваат тековните активности.

Од СДСМ побараа пациентите да добијат квалитетна услуга бидејќи секој месец плаќаат здравствено осигурување.

„Незамисливо е кога ќе им затреба основна медицинска помош тие да треба истото тоа повторно да го плаќаат од свој џеб. Што да кажеме за останатите болни на кои им е  неопходна поскапа терпаија и подобри услови за лекување. Почитувани сограѓани оваа мора да се промени, бесплатното јавно здравство мора да биде примарниот столб на кое ќе се темели општеството„, - додаде Тодоровски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk