СДСМ и НСДП го најавија опозицискиот митинг

22.06.2012 13:45 | KumanovoNews

 Промотивно-протестен митинг ќе се оддржи во недела на Градскиот плоштад на кој ќе биде објавено името на кандидатот за градоначалник од oпозицискиот фронт, од редовите на СДСМ за престојните локални избори во 2013 година.

СДСМ и НСДП го најавија опозицискиот митинг

Двете партии ги повикаа своите членови, симпатизери и сограѓани масовно да излезат на митингот.

Ве повикувам уште еднаш како и многу пати досега да покажеме и да докажеме со нашето масовно присуство дека Куманово е сдсмовски град, град кој знае да ги препознае вистинските вредности. Највисокото партиско раководство ќе биде присутно во текот на целиот викенд меѓу граѓаните се со цел одблизу да се информираат и да се запознаат со ставовите и размислувањата на нашите граѓани - рече Дарко Станојковски, портпарол на општинска организација на СДСМ.

 “Крени глас за иднината“ е мотото на митингот. Во Куманово  ќе се појави и лидерот на НСДП, Тито Петковски.

 Уште еднаш ве покануваме во што поголем  број да застанеме зад проектот “Крени глас за иднината“ , и да ја поддржиме кандидатурата на човекот кој и во следниот мандат успешно ќе го води Куманово кон нашите цели - кон Европска Македонија - изјави Марија Богданска Михајловска, портпарол на општинската организација на НСДП.

Игор Ивановски, Зоран Јовановски, Гордан Георгиев, Радмила Шеќеринска, Андреј Петров  и потпретседателката Ана Павловска Данева ќе се сретнат со кумановци. Во недела митингот ќе почне во 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk