Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советници и пратеници од СДСМ и коалицијата, и градоначалникот на Куманово, дадоа подршка на иницијативата за законски измени за социјалната и здравствена заштина на лицата со посебни потреби.
„Социоекономскиот живот на овие лица е на многу ниско ниво, исто така и законите кои се однесуваат на здравствена и социјална заштита имаат одредени пропусти, но и вклученоста на овие лица во општествениот живот е на едно многу ниско ниво. Затоа сакаме да дадеме поддршка да се соберат 10.000 потписи кои се потребни за регулирање на законската регулатива и сите граѓани во оваа општество заеднички да ги остваруваат своите права – изјави претседателот на Советот, Александар Арсиќ.
Поддршка на иницијативата вчера даде и градоначалникот Зоран Дамјановски и пратеникот Максим Димитриевски.
Акцијата за собирање подршка продолжува до петок на Градскиот плоштад во Куманово од 12 до 17 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk