СДСМ ја заврши кампањата „Рамо до рамо“

05.07.2023 19:55 | Оливера Пешевска

По три месеци СДСМ ја заврши кампањата “Рамо до рамо до победа“, која имаше за цел да ги потикне граѓаните да ги кажат нивните видување за локалните и национални проблеми,  но и да споделат идеи и размислувања за надминување на истите. 

СДСМ ја заврши кампањата „Рамо до рамо“

„Со теренската активност “Рамо до рамо“, посетивме многу урбани и рурални средини, се сретнавме со многу граѓани со кои разговаравме за многубројните реализирани проекти, за целите кои сакаме да ги постигнеме, но внимателно ги слушавме и проблемите  со кои се соочуваат граѓаните кои ќе ги решаваме во наредниот период. Благодарност до сите укажани пофалби кон работата на оваа Влада предводена од СДСМ, но и благодарност до сите конструктивни критики кои ќе не направат уште поодговорни и поспремни.  Во Куманово и околината  дојде целото раководство на партијата и функционери од нашата Влада, кои рамо до рамо со секој граѓанин несебично и неуморно дискутираа и наоѓаа начин за успешно решавање на секој проблем во секоја урбана и рурална средина“, кажа претседателот на општинската организација на СДСМ Александар Арсиќ, на денешната прес - конференција.

Тој додаде дека во изминатиот пeриод СДСМ организираше и тематски трибини со разни целни групи граѓани, кои имаат за цел да ги претстават пред граѓаните сите активности и проекти кои Владата предводена од СДСМ ги реализира.

„Преку проектот “Рамо до рамо“ уште еднаш како партија покажавме огромна почит и поддршка кон граѓаните на Куманово и пративме силна порака дека Куманово секогаш може да смета на СДСМ и секогаш ќе биде симбол на социјалдемократијата“, заврши Арсиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk