СДСМ: Каде се тие 600 вработувања дневно?

08.02.2016 12:04 | KumanovoNews

Од општинската организација  на СДСМ Куманово денеска на прес-конференција, ја прашаа власта каде се тие 600 огласи за вработување дневно и дали знаат дека во Куманово има над 10.000 невработени млади луѓе.

СДСМ: Каде се тие 600 вработувања дневно?

Од СДСМ велат дека на невработените лица им се закнуваат дека ќе ги избришат од евиденција, ако не доаѓаат на обуки организирани од Агенцијата за вработување.

„Им се закануваат на невработените, доколку не се јават на некоја бесмислена обука која нема никаков ефект, ќе ги избришат од Заводот за вработување со што вештачки ќе ја намалат невработеноста. Свесна ли е Владата во заминување дека младите својата егзистенција ја наоѓаат во странство преку вадење на бугарски пасоши, бидејќи во Македонија доколку не си дел од нивниот клан не можеш да најдеш пристојна работа од која ќе можеш да ја планираш својата иднина. Сакаме да им порачаме на граѓаните дека е дојдено времето да запрат манипулациите и да истакнеме дека на новата власт која ќе биде формирана од страна на СДСМ, приоритет ќе бидат младите“-изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

Тодоровски вели дека откако СДСМ ќе дојдат на власт, ќе работат на отварање на нови работни места и вработување на луѓето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk