СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, соопштуваат од партијата

27.08.2021 11:13 | Сузана Николиќ

СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро, соопштуваат од партијата откако актуелниот градоначалник Максим Димитривеки поднесе независна кандидатура.

СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, соопштуваат од партијата

„Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци“, стои во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека за СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk