Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово денеска реагира на соопштението на СДСМ Куманово, во кое обвинува за недомаќинско трошење пари на граѓаните за реконструкција на улицата “Никола Тесла” во Куманово.
Соопштението на Општина Куманово го пренесуваме во целост.
„На 12. јуни 2023 година тогашниот претседател на ОО СДСМ Куманово Александар Арсиќ, придружуван од советниците и други членови на СДСМ, на прес конференција на таа локација, тврдеше дека Владата на СДСМ ќе изгради нова водоводна мрежа во должина од 2км на улица “Никола Тесла”, во износ од 300.000 евра. Тоа ветување не се реализира иако истите беа на власт. Манипулираа тогаш, манипулираат и сега, а договорот кој што е склучен со министерството и тогашниот министер Благој Бочварски, не е реализиран во целост, и тоа е главна причина зошто овој вод не е пуштен до ден денешен во употреба, а граѓаните кои што живеат во тој дел на градот, за жал, се снабдуваат со вода за пиење преку овој вод, и дел од нив со право реагираат, бидејќи немаат континуиран 24 часовен дотур на вода. Токму поради тоа што тие од позиција на власт и во време на управување со оваа министерство не го реализираа овој договор како и многу други во општината. Пример е и канализација во село Тромеѓа. Парите ги потрошија, а ефект од сработеното нема. Се уште Општината се соочува со проблеми и не може да ги превзема новоизградените инсталации под своја надлежност и не може да ги пушти во употреба.
Општина Куманово и Министерство за транспорт и врски на 23. ноември 2022 година, склучува договор за реконструкција на водоводна мрежа за дел од улица „Никола Тесла“ во износ од 19.246.595,00 денари со вклучен ДДВ. Во овој износ Општината учествува со сопствени средства од 2.935.921,00 денари, а останатите средства ги обезбедува Министерството за транспорт и врски. Согласно договорот, средствата во целост ги реализира Министерство за транспорт и врски. Финансиските обврски на Општината се исплатени според склучениот договор.
Тогашниот министер Благој Бочварски го распишал тендерот, избрал изведувач и контролен надзор на проектот, и истиот имал обврска да го предаде во владение на Општина Куманово, во исправна и функционална состојба. Тоа до ден денес не е сторено, поради техничките забелешки од страна на ЈП „Водовод“, во однос на нецелосна и несоодветна изведба на проектот за водоводна мрежа, согласно проектна документција, а воедно и дополнителна нефункционалност на старата водоводна мрежа во целост, која е настаната како резултат на нецелосно изградена и недовршување на бајпасирање на истата.
Договорот со изведувачот е склучен на 05. декември 2022 година од страна на МТСП и истиот е со времетраење од две години. Изведувачот имал обврска, согласно договорот во рок од 6 месеци да ја заврши комплетно изградбата на новата водоводна мрежа. Рокот на важноста на договорот е продолжен за уште 12 месеци од страна на МТСП. Од тоа произлегува дека договорот е сеуште активен и обврските за отстранување на сите можни недостатоци се обврска на фирма носител на договорот, која што ја избрало министерството.
Но, договорот за кои што на прес конференција во 2023 година СДСМ се фалеше сеуште не е реализиран во целост и граѓаните што живеат во тој дел на градот трпат последици од тоа.
Неточни се тврдењата на прес - конференцијата на СДСМ дека се прави манипулација со пари на граѓаните за улицата „Никола Тесла“. Ако некој манипулира, тоа се тие преку нивниот тогашен министер за транспорт и врски.
Нивниот министер за транспорт и врски распиша постапка за набавка – тендер, изберен е изведувач, надзорен орган на проектот и имаат обврска да ја следат постапката, реализацијата на постапката и да ја известуваат Општина Куманово.И покрај голем број на реакции и забелешки упатени кон нив за овој проект, известување нема.
Во тек е решавање на проблемот, во соработка со новиот министер за транспорт и врски, неговите служби што имаат слух за проблемите на граѓаните, изведувачот, надзорот на проектот, како и ЈП „Водовод Куманово“, кои активно земаат учество во решавање на истиот.
Причина за застој на водоснабдување е поради изведување на градежни работи,при што има оштетување на стара водоводна инсталација што ќе биде надминато во следниот период. Известени за овој проблем се ЈП „Македонија пат“ и ЈПДП, и тие ќе овозможат по орапавување на трасата, кое е нов проект да се овозможи дополнителна интервеницја од страна на изведувачот како и од ЈП „Водовод“ за да се обезбеди непречено водоснабдување на тој дел од градот,а потоа ќе се пристапи кон поставување на завршен слој на улицата во потребната должина“, стои во реакцијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk