Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Коалицијата на СДСМ синоќа одржа мини митинг во месната заедница „Панче Пешев„, на паркингот пред Мај маркет.
На граѓаните им се обратија кандидатите за пратеници, Петре Шилегов, Љубиша Николиќ, Марина Алексовска,Владислав Трајковски, Шаип Рамадани, Филип Јаневиќ од ЛДП, Мирослав Јовановиќ од СПМ и шефот на регионалниот штаб градоначалникот Зоран Дамјановски.
Во Куманово се удрени темелите на модерната македонска држава и овде во Куманово ќе ги удриме темелите на промените кои ќе донесат подостоинствен живот на сите наши граѓани. Што може да ни понуди ВМРО-ДПМНЕ по 8 години власт. Исти луѓе, исти лица и истите приказни. 2046 проекти. За кога за 2046 година? Не ви благодариме! Ние промените ќе ги направиме на 13, а потоа на 27 април, кога ќе почнеме да градиме една нова европска Македонија во која граѓанинот ќе биде пред се. Нема добра Македонија ако нема добри и достоинствени граѓани. СДСМ со својата програма нуди промени кои ќе ги задржат младите луѓе и ќе ја изградат нивната иднина. Да не мора кумановци да шетаат по бел свет. Децата да останат овде и овде да се школуваат, овде да работат, овде да ги изградат своите семејства, овде да ги дочекаат своите внуци, затоа што овде се нашите корени. Немаме втора татковина-рече Шилегов.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk