Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Во нашиот план за живот во Куманово планираме повеќе пари за општината, а со тоа и повеќе можности за сите.
Ќе вложиме во младите и ќе отвориме центри за отпочнување на развој на бизнисите. Ќе направиме здружување на бизнис заедницата, општината и граѓаните со единствена цел нови и подобро платени работни места,- најави носителот на советничката листа на коалцијата на СДСМ, Атина Мургашанска на денешната прес-конференција во центарот на Куманово.
Со вклучување на бизнис заедницата во дефинирањето на приоритетите на општината, додаде Мургашанска, ќе воведат и бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој.
„Планираме подобрување и создавање услови за развој, инвестирање во индустриската зона, утврдена со урбанистичкиот план во населено место во месноста Речица и Новине преку изработка на проектна документација и реализација на инфраструктурата која ќе овозможи квалитетен пристап и промоција кај потенцијалните инвеститори, изјави Мургашанска.
Тоа, според Мургашанска, позитивно ќе се одрази на економијата во градот и за создавање на услови за нови работни места и овозможување на младите да започнат свој сопствен бизнис.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk