Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од СДСМ ja обвинија Владата дека во изминативе три години не исплатила ниту денар од парите предвидени за земјоделските задруги.
Со програмата за рурален развој биле планирани 47 милиони денари, но тоа останало само на хартија.
“Во декември минатата година, Владата објави дека се регистрирани 15 задруги. Бидејќи рокот за пријавување на земјоделските задруги истече вчера, бараме Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој да одговори колку од тие 15 регистрирани задруги имаат поднесено барања за финансиска поддршка на задругите? За ова, на хартија во програмата за рурален развој одвоени се 25 милиони денари или нешто над 400.000 евра. Тоа дополнително потврдува дека една задруга не може да добие 100.000 евра„ - рече Трајан Димковски од комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при СДСМ Куманово.
Димковски се сомнева дека и оваа година како и претходните, задругите ќе останат без финансиска помош од Владата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk