СДСМ обезбеди новогодишна помош за три семејства

23.12.2013 21:35 | KumanovoNews

Три семејства од Куманово денеска добија хуманитарна помош од членовите на општинската организација на СДСМ.

СДСМ обезбеди новогодишна помош за три семејства

Пакети во храна, облека и бела техника беше однесена во социјално загрозени семејства од македонска, српска и ромска националност.

Целта на оваа акција беше со топол збор и внимание да им ги честитаме празниците на овие луѓе и да им покажеме дека не се сами. Истовремено да ги потикнеме и останатите наши сограѓани да бидат хумани и да помогнат на луѓето кои се оставени на маргините на општеството. Солидарноста не треба да препознава партиска, верска или национална припадност. Домаќините ни ги отворија вратите на своите домови и неможам да ви ја опишам нивната среќа, што значи дека ја постигнавме целта, помошта отиде во вистински раце- изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово .

Помошта е обезбедена од сретства од партиската членарината. Од  СДСМ најавуваат дека новогодишната хуманитарна акција ќе стане традиционална.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk