Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во понеделник од општина Куманово ќе го започне проектот на СДСМ „Од врата до врата“.
Ова го соопшти претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски, на денешната прес-конференција.
„Во понеделник нашиот претседател ќе биде во општина Куманово, а воедно ќе го отпочне и големиот проект на СДСМ „Од врата до врата“. Проектот предвидува да се посетат сите домаќинства во Република Македонија, а во Куманово ќе се посетат близу 20.000 домаќинства. Целта на проектот да се презентираат најбитните теми од нашата програма, односно нашите програмски решенија и определби“,- изјави Костовски.
Тој ги повика граѓаните на Куманово во понеделник во 19.30 часот, да присуствуваат на трибината што ја организира партијата во Центарот за култура. Пред присутните ќе говори опозицискиот лидер Зоран Заев.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk