СДСМ од врата до врата ќе ги запознава кумановци со “бомбите“

14.03.2015 12:01 | KumanovoNews

Општинската организација на СДСМ Куманово, од денеска започнува кампања со која од врата на врата ќе ги запознава граѓаните со „бомбите„ на опозицијата.

СДСМ од врата до врата ќе ги запознава кумановци со “бомбите“

При посетите ќе делат флаери на кои се наоѓа содржината на прислушкуваните разговори кои излегоа во јавноста.

Според партијата, “бомбите“ откриваат изборни грабежи, притисоци врз администрацијата, изживување со поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски и бизнисменот Фијат Цаноски, разговори во кои министерот за финансии Зоран Ставрески кажува дека приходите се катастрофа и друго.

“СДСМ Куманово јасно праќа порака за обединување на сите граѓани на градот Куманово во борбата против изопачената група на власт. Од денеска па во следните недели, членовите на кумановското СДСМ ќе посетат над 15.000 домаќинства на територија на општина Куманово. Ќе тропнеме на вратата на нашите сограѓани, и ќе доставиме флаери со дел од разговорите кои го засегаат Куманово. Со нас ќе може да поразговарате за секоја тема, а воедно и да се охрабрите да ни дадете и ваша поддршка. Почитувани кумановци, застанете рамо до рамо со нас. Се работи за нашата држава, за нашата иднина“ - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.

Активисти на СДСМ со маици на кои пишува “Вистината за Македонија“, делеа флаери на граѓаните на Градскиот плоштад, а во текот на денот ќе посетат 450 домаќинства во населбата Зелен Рид.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk