Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ Куманово, организира бесплатен автобуски превоз за прославата на Втори Август, во меморијалниот центар АСНОМ Пелинце.
- Општинската организација на СДСМ-Куманово и во мое лично име сакам да Ве поканам на прославата на големиот македонски празник Илинден - Aвгуст во Меморијалниот центар-Пелинце, кој се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност, - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.
Во меморијалниот центар Пелинце владината делегација ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, кој ќе има свое обраќање. Традиционално настанот ќе биде збогатен и со богата културно-уметничка програма.
- ОО СДСМ-Куманово за нашите сограѓани организира бесплатен автобуски превоз. Тргнувањето на автобусите е (четврток) во 8.30 часот на паркингот пред Градскиот базен, - додаде Костовски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk