СДСМ организира Црвен ноемвриски марш

07.11.2014 13:24 | KumanovoNews

Општинската организација на СДСМ Куманово, во недела во 13 часот, ќе организира Црвен ноемвриски марш во центарот на градот по повод 70 години слободно Куманово.

СДСМ организира Црвен ноемвриски марш

Од партијата велат дека секој октомври и ноември се потсетуваат на предците кои се избориле за слобода, и ги повикаа граѓаните да им се придружат на маршот.

“Ветуваме пред граѓаните дека ќе се бориме до последниот атом на нашата енергија за да ја вратиме слободата во овој град. Не како онаа за која се бореа нашите предци од 40 - тите, туку  слобода на мислење, право на слободно изразување, нормален живот. Во 13 часот пред зградата на поранешен Комитет ќе започне Црвениот ноемвриски марш, кој го организира СДСМ. Оваа прилика ја користам за да ги повикам сите граѓани да дојдат и на симболичен начин, во тие триесетина минути низ централното градско подрачје, да го изразат својот револт против Владата на Република Македонија и ВМРО - ДПМНЕ. Вооедно да им оддадеме почит на борците, кои што пред 70 години му дадоа слобода на овој град“ - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.

Црвениот ноемвриски марш е под мотото “Победи го стравот за да не ја изгубиш и гордоста“.

Истиот ден во 11.30 часот 300 нови членови на СДСМ ќе ги добијат своите партиски книшки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk