Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Социјалдемократската младина на Куманово, традиционално по 5. пат организира Меморијален турнир во мал фудбал во чест на нивниот сопартиец Мартин Симоновски -Матрикс.
Натпреварите ќе се одржат на 15 и 16 октомври во салата на „Перо Наков“.
„На турнирот предвидено е да учествуваат 16 екипи. Ќе се игра 4+1, од максимум 8 играчи во екипа. Учеството ќе биде 800 денари. Сите заинтересирани екипи своето учество треба да го пријават до 14 октомври, по што ќе биде извлекувањето во просториите на општинската организација – изјави Владислав Трајковски, претседател на младите во СДСМ Куманово.
Тој упати повик до сите граѓани со спортски дух да земат учествуваат на турнирот и со тоа да му оддадат почит на нивниот прерано загинат другар.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk