СДСМ организира пикник и трибина за граѓаните на Куманово

10.10.2019 13:30 | KumanovoNews

СДСМ денеска на прес конференција ги повика граѓаните масовно да присуствуваат на двата настани што во наредните два дена ќе ги организира општинската организација на СДСМ Куманово.

СДСМ организира пикник и трибина за граѓаните на Куманово

По повод Денот на народното востание - 11 Октомври, утре со почеток во 10.30 часот, на малото фудбалско игралиште на Спомен костурницата ќе започне традиционалниот пикник со пригодна празнична програма, на кој ќе присуствува и премиерот Зоран Заев, со делегација од највисокото партиско раководство.

Во сабота во 13 часот, во Центарот за култура ќе се одржи трибана со работен наслов „Пресек на двегодишното работење на Влада на Македонија“.

„Свое излагање ќе има премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, вицепремиерот и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз Оливер Спасовски, како и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. Ве покануваме да присуствувате на трибината и да земете учество со свои сугестии и критики, кои се од голема важност затоа што сите цврсто одиме на прав пат“ - изјави денеска на прес конференција Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk