СДСМ организира трибина „Излези за европска Македонија“

03.09.2018 15:10 | KumanovoNews

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на утрешната трибина „Излези за европска Македонија“ што ја организира СДСМ Куманово.

СДСМ организира трибина „Излези за европска Македонија“

Трибината ќе со одржи во 19 часот, во Центар за Култура Трајко Прокопиев. Ќе се зборува за предностите и отворените прашања со кои се соочени граѓаните пред историскиот референдум.

„Повелете да ги слушнете сите аргументи зошто е важно да се поддржи референдумот и да се избере сигурна иднина за нашата земја. Ќе разговараме и за сите дилеми кои се појавија во јавноста. Граѓаните ќе бидат целосно и правилно информирани за да може да донесат вистинска одлука. Учесник на трибината ќе биде Никола Димитров, - соопштуваат организаторите од општинската организација на СДСМ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk