СДСМ организира трибина „Не чекај, превенирај“ во Центарот за култура во Куманово

23.11.2023 14:11 | KumanovoNews

Трибина под наслов „Не чекај, превенирај“, посветена на здравјето на мажите и жените, ќе се одржи утре/ петок/ со почеток во 18.30 часот во Центарот за култура во Куманово.

СДСМ организира трибина „Не чекај, превенирај“ во Центарот за култура во Куманово

Организатор е општинската организација на СДСМ, а говорници ќе бидат: д-р Снежана Захариева, д-р Наташа Толеска Димитровска, проф. доктор Сашо Дохчев и заменик министерка за здравство д-р Маја Манолева.

 „Целта на трибината е подигање на свеста кај мажите и жените за сопственото здравје, а се со цел рана детекција и превенција на машките и женски болести“, изјави Александар Митрички, портпарол на СДСМ Куманово.

Настанот е отворен за сите заинтересирани граѓани, кои сакаат да бидат дел од едукација со која ќе научат нешто повеќе за детекција и превенција од разни болести.

Утре на три локации во градот од 11 до 13 часот: кај Зелениот пазар, на Градскиот плоштад и пред Бирото за вработување (АВРМ),  медицински екипи ќе вршат превентивни прегледи – мерење на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта на граѓаните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk