СДСМ: Пациентите се смрзнуваат во Општата болница

13.11.2013 12:58 | KumanovoNews

Во Општа болница Куманово се работи во супстандардни услови, а пациентите се смрзнуваат затоа што нема греење, обвинија од СДСМ на денешната прес - конференција.

СДСМ: Пациентите се смрзнуваат во Општата болница

Од партијата го повикуваа министерот за здравство Никола Тодоров да дојде во болницата и да види дали состојбата е како во неговите реклами.

Иако грејната сезона е почната уште пред скоро месец дена, за кумановската болница тоа правило не важи. Пациентите не можеа да се стоплат ниту со кебиња донесени од дома, а вработените со смрзнати раце и во ладни простории работеа и спасуваа човечки животи. Вака ли се чува здравјето на граѓаните на Општина Куманово? - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

За проектот “дисперзирана клиника“ се одвојуваат пари, но џабе е кога лекарите немаат апаратура на која треба да работат, додаваат од партијата.

На одделот гинекологија и акушерство нема ниту еден ултразвучен апарат. Новиот е расипан уште во јуни 2013 и нема ниту најава дека ќе биде поправен, а другите два се полуисправни и вие ни зборувате за инвестиции во здравството. Кого лажете? Онаму каде секојдневно се раѓаат нови животи, се работи во супстандардни услови - вели Тодоровски.

Од СДСМ обвинија дека доаѓаат лекари од други градови кои дежураат за трипати повисоки суми од овдешните специјалисти, а на конкурси се примаат млади штотуку дипломирани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk