СДСМ победи во Куманово, ВМРО-ДПМНЕ во двојка

06.06.2011 09:36 | KumanovoNews

 На вчерашните избори во општината Куманово коалицијата на СДСМ освои 19 712 или 38,20 одсто од гласовите на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 16 532 или 32,04 проценти.

СДСМ победи во Куманово, ВМРО-ДПМНЕ во двојка

Според првичните податоци, од останатите партии најмногу добила ДУИ  5174 гласа, ДПА 2800, Нова Демократија 1786 гласа,ВМРО - НП 1245, ЛДП 894, Обединети за Македонија 682, ДОСТОИНСТВО 329, ПОДЕМ 260 и Демократска десница 206.

Во Старо Нагоричане за ВМРО-ДПМНЕ гласале 886 граѓани, а СДСМ 865.  

Во изборната единица два најмногу гласови освои ВМРО-ДПМНЕ  66 315, а СДСМ 53178 гласа.        

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk