СДСМ повика на масовен протест во недела

15.05.2015 11:52 | KumanovoNews

Од општинската организација на СДСМ Куманово, денеска на прес-конференција повикаа на масовен протест во недела во Скопје, поради деструктивните политики на оваа власт.

СДСМ повика на масовен протест во недела

Велат дека е дојдено време за непартиска, граѓанска битка, за да државата се врати во раце на граѓаните и тие да одлучуваат за својата иднина.

Во име на Уставот на Република Македонија, ве повикуваме на масовен и ненасилен протест чија цел е пораз на оваа власт, која ден по ден ни ја одзема иднината. На 17-ти излегуваме на улица и остануваме се до конечен пад на Груевски. Ова е борба меѓу граѓаните и врхушката на Груевски. Ова е борба за враќање на општеството и државата во рацете на граѓаните на Македонија. На 17-ти мај ве молиме за миг да се потсетите на последните девет години. На сите притисоци, сите парични и затворски казни, сите иселувања, омаловажувања, неразрешени убиства, партиски вработувања, монтирани судски процеси, рекетирање на фирми“ - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.

Во недела во 11 часот од Градски кеј членовите на партијата и сите незадоволни граѓани,  со автобуси организирано ќе заминат на протест во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk