СДСМ се пофали дека е при крај реконструкцијата на спортските игралишта кај Соколана

04.06.2021 09:43 | KumanovoNews

Кон крајот на минатата година го најавивме проектот за реконструкција на Соколана, проект поддржан од Владата, а во реализација на Агенцијата за млади и спорт и Општина Куманово. Сега веќе можеме да се пофалиме дека Соколана полека го добива својот заслужен изглед, кажа на денешната прес-конференција Катерина Пешиќ Бошковска- портпаролка на СДСМ Куманово.

СДСМ се пофали дека е при крај реконструкцијата на спортските игралишта кај Соколана

„Владата предводена од СДСМ го врати овој објект во владение на Општина Куманово и преку јавен повик на Агенцијата за млади и спорт обезбеди 7 милиони денари- средства од Буџетот на РСМ за реконструкција на партерно уредување на игралиштето, целосна реконструкција на постоечкото игралиште, теренот за мал фудбал со комплетна реконструкција на трибините како и уредувањето на паркинг просторот. Овој дел од проектот е во завршна фаза, додека реконструкцијата на самиот објект е во постапка за добивање согласност од страна на Националната установа Конзерваторски центар со што ќе се отпочне со работа и на надворешниот и внатрешниот дел од објектот Соколана. Додека емотивно се потсетуваме на славните спортски настани од минатото по кои е позната Соколана, во наредниот период ја враќаме спортската традиција и активно работиме истата повторно да ја кренеме како што ѝ доликува“, заврши Пешиќ - Бошковска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk