СДСМ се заблагодари на граѓаните за поддршката

16.10.2017 12:24 | KumanovoNews

СДСМ се заблагодари на граѓаните на Куманово за подршката што ја дадоа на вчерашните локални избори.

СДСМ се заблагодари на граѓаните за поддршката

„Благодариме што граѓаните ја препознаа нашата искреност и нашата порака за заедништво и граѓански концепт. Изразуваме благодарност до сите граѓаните на Република Македонија, до сите политички партии кои учествуваа на изборите, до сите институции кои што овозможија слободни и демократски избори, до сите членови, до сите волонтери на СДСМ и партиите од коалицијата“-, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ Куманово, Сашо Тодоровски.

Тој додаде дека ќе ја реализираат програмата со која излегоа на изборите за да Куманово стане модерен, урбан и убав град.

„Поддршката значи доверба, но во исто време и голема одговорност и кон гласачите и кон градот. Најавуваме ново време на одговорна, транспарентна велат“,- рече Тодоровски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk