СДСМ слави победа во Куманово

07.04.2013 18:40 | KumanovoNews

Членовите и симпатизерите на коалицијата  Сојузот на иднината, започнаа да слават победа.

СДСМ слави победа во Куманово

Од изборниот штаб на СДСМ, велат дека нивниот кандидат Зоран Дамјановски убедливо води пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓеорѓиевски.

Од досега преброените гласовите, со над 2,5 илјади гласови води нашиот кандидат- тврдат од штабот.

Пред седиштето на партијата се собираат членовите на коалицијата да ја прослават победата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека сеуште се пребројуваат гласовите, а кандидатот за градоначалник Зоран Ѓеорѓиевски најави изјава во 22 часот.  



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk