СДСМ: Случајот „Диво Насеље“ мора да се расчисти до крај

09.05.2017 15:51 | KumanovoNews

СДСМ побара државата да го расчисти случајот што пред 2 години ја загрози безбедноста на граѓаните на Куманово, кога загинаа 8 припадници на македонската полиција.

СДСМ: Случајот „Диво Насеље“ мора да се расчисти до крај

Граѓаните на Куманово пред две години докажаа дека се единствени и дека никој не може да ги користи во етнички тензии и за политички цели. Случајот што во 2015 се случи овде во Диво Насеље и внесе вознмиреност меѓу граѓаните, мора да биде расчистен до крај. Граѓаните мора да знаат што се случило. Семејствата на 8-темина загинати припадници на безбедносните сили, граѓаните кои останаа без своите домови и жителите на Куманово ја очекуваат вистината. Во програмата на идната Влада предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија  предвидена е нова детална истрага која што ќе укаже на сите аспекти од настанот во Куманово. Тоа мора да се изведе на транспарентен, независен и професионален начин, за да се расчистат сите дилеми. Секој оној кој на каков било начин учествувал во настанот и кој ја загрозил безбедноста на Република Македонија и нејзините граѓани, ќе мора да одговара – изјави Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, од „Диво Насеље“.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk