СДСМ со крводарителска акција

14.03.2011 10:38 | KumanovoNews

Во просториите на општинската организација на СДСМ утре ќе се одржи крводарителска акција по повод Денот на крводарители. Акцијата ќе трае од 13 до 17 часот, а можат да се вклучат сите граѓани.

СДСМ со крводарителска акција

Ова е една од двете традиционални крводарителски акции што ги организираме во текот на годината.Ги повикувам нашите граѓани кои сакаат да ни се приклучат во крводарувањето, а потоа и  дружењето-рече претседателката Снежана Захариева.

СДСМ Куманово секоја година организира крводарителски акции по повод 17 март, Денот на крводарителите и 2 август, Илинден. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk