СДСМ со нови 400 членови

13.09.2010 08:46 | KumanovoNews

 Свеченоста ќе се одржи во просториите на поранешен Комитет, а книшките ќе ги подели потпреседателот на СДСМ Гордан Георгиев и општинското раководство од Куманово.

СДСМ со нови 400 членови

 Четиристотини нови членови вечерва ќе ги добијат партиските книшки на СДСМ. Свеченоста ќе се одржи во просториите на поранешен Комитет, а книшките ќе ги подели потпреседателот на СДСМ Гордан Георгиев и општинското раководство од Куманово.

 СДСМ со овој чекор покажува дека граѓаните на Куманово даваат несебична подршка на работата на партијата, рефлектирано преку работата на Градоначалникот Зоран Дамјановски и Советот на Општината.СДСМ секој ден се повеќе расте и се враќа на победничките патеки.Во оваа прилика сакам да ги поканам и сите останати наши сограѓани да се приклучат на СДСМ и заедно да одиме до победа- вели секретарот Мартин Костовски.

Книшките ќе бидат поделени во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk