СДСМ со три кандидати за пратеници од Куманово

02.05.2011 15:39 | KumanovoNews

 Оливер Спасовски, Снежана Захариева и Мартин Костовски се кандидати за пратеници  од општинската организација на СДСМ во изборната единица два.

СДСМ со три кандидати за пратеници од Куманово

 Спасовски на листата го завзема високото второ место, Захариева е осма, а Костовски е единаесети по ред. Кумановските социјалдемократи се надеваат дека сите места се добитни.

Носител на листата на Изборната единица 2 е Ана Павлова Данева , потпредседателка на СДСМ.

Имињата на кандидатите за пратеници беа соопштени попладнево на Конгресот во Скопје.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk