Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ денеска на прес-конференција ги обвини советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ дека ги блокираат проектите за учениците во затворениот базен, со тоа што не ги гласале и ја напуштиле седницата на Советот на Општина Куманово.
„Оваа кажува дека учениците од основните и средните училишта сеуште нема бесплатно да имаат часови по пливање во затворениот базен. ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните на Куманово.Уште еднаш покажа дека нивната погубна политика е пред оптштиот интерес на граѓаните. И додека општина со свои средства обезбедува услови за реализација на овие спортските активности, ВМРО-ДПМНЕ со својот игноратски однос свесно го руши онаа што учениците од нашиот град го саакаат. Инаку со оваа програма се вклучени сите средни и основни училишта, односно 16000 ученика, - изјави Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ.
Да потсетиме, вчера пред советниците се најде предлог-програмата за вон наставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен на учениците од основните и средни училишта која не доби подршка од советниците.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk