Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ, Кумановски акцијаши и ЈП „Чистота и зеленило„ организираат акција за расчистување на сметот на Спомен костурницата.
Акцијата, доколку дозволат временските услови, ќе започне во 10.30 часот.
„Ги повикуваме сите граѓани да земат учество во средувањето на ова место. Спомен костурницата е заборавена од Министерството за култура, споменикот се распаѓа што е срамно за едно спомен обележје, за еден клучен дел од нашата историја. И ова не ништо ново политката на ВМРО-ДПМНЕ е да уништува, а не да создава и одржува„, - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ.
Тодоровски најави дека во наредниот периот локалната самоуправа ќе биде по ажурна во одржување на зелените површини во градот, меѓу кои и на Спомен костурницата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk