Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Извршниот одбор на СДСМ синоќа одржа седница на која беа дефинирани уште неколку нови, дополнителни кандидати за градоначалници.
„Сите утврдени кандидати се дел од најдобрата понуда на СДСМ за локалните избори, а ќе бидат објавени во текот на денот.
Како што веќе најави, СДСМ во фази ја објавува победничка понуда со која излегува пред граѓаните како фаворит на локалните избори“, соопштуваат од партијата.
Кандидатури за градоначалник на Куманово од СДСМ доставија: Максим Димитриевски, Атина Мургашанска, Мартин Костовски и Оливер Илиевски. На анкетите коишто ги спроведува партијата се вртат и имињата на Снежана Захариева и Љубиша Николиќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk